More

    Полицијата изрече над 100 казни за кршење на ковид правилата

    spot_img

    Британската полиција издаде повеќе од 50 нови казни за прекршување на антиковид правилата во Даунинг стрит и други владини згради. Овие казни се дополнување на повеќе од 50 изречени минатиот месец, вклучително и на премиерот Борис Џонсон, неговата сопруга Кери Џонсон и министерот за финансии Риши Сунак, јави Би-Би-Си.

    Британскиот премиер Борис Џонсон се извини минатиот месец кога му беше изречена казната за кршење на правилата на „локдаун“ кога во неговата канцеларија била организирана прослава за неговиот роденден, но одби да поднесе оставка поради тоа.

    Најновите казни се однесуваат на божиќна забава во декември 2020 година, на која Џонсон не присуствувал.

    Полицијата истражува 12 собири, од кои се знае дека Џонсон присуствувал на најмалку три.

    Додека пристигнуваше на специјален состанок на кабинетот во Стафордшир, Џонсон беше прашан дали е „шокиран“ од размерите на кршење на законот во Даунинг стрит 10.  – Ќе имаме многу да кажеме за тоа кога ќе заврши работата“ одговори тој.

    Во соопштението, британската полиција најави дека истрагата продолжува. Се очекува да следат дополнителни казни, но не е даден временски рок.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img