More

    Политико тврди дека повеќе од 60 земји се борат да овозможат увоз

    spot_img

    Повеќе од 60 држави во светот се борат да обезбедат храна од увоз, објави денеска Политико повикувајќи се на заклучоците на Глобалната група за одговор на кризата (ГЦРГ), формирана за решавање на растечката несигурност во обезбедувањето храна по руската инвазија врз Украина.

    Во извештајот на специјалната група на ОН се вклучени и Колумбија, Малави, Пакистан и Мјанмар.

    На состанокот на групата одржан на 28 јули било посочено дека и понатаму се „фокусирани на големите трошоци за увозот што влијае врз платниот биланс во повеќе од 60 земји“, како и на предизвиците за безбедноста на храната кои произлегуваат од девалвација на девизниот курс и националните буџети што се борат да си дозволат „основен увоз“.

    Во документот од состанокот, во кој увид имаше Политико, се наведува дека „во Сиера Леоне, потрошувачката на храна се намалува кај посиромашните граѓани како резултат на зголемувањето на цените, а слични ризици се пријавени во Колумбија, Конго, Чад, Еквадор, Ирак, Кенија, Малави и во Мавританија“.

    Исто така се посочува цените растат побрзо во Пакистан, Мјанмар, Перу, Малави, Бурунди и Нигерија и дека се поголем број луѓе плаќаат „над реалната вредност“ за основните потреби, а околу 12 влади се блиску да не можат да го намират долгот и голем број бараат можност за отпишување на долгот“.

    Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја формираше 32-члената ГЦРГ во март по руската инвазија врз Украина, заеднички раководена од директорот на Програмата за животна средина на ОН, Ингер Андерсен, и специјален пратеник за ковид-19 во Светската здравствена организација, Дејвид Набаро.

    Следниот состанок на ГЦРГ е на 25 август.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img