More

    Политиката на Кина за сузбивање на Ковид ја доведе во прашање испораката на iPhone

    spot_img

    Проблемите на добавувачот на Apple, Foxconn, поврзани со КОВИД во фабриката во Женгжу, Кина би можеле да ги намалат испораките на iPhone во ноември до 30 отсто, предупреди информиран извор.

    Фабриката на Foxfonn во Женгжу ги склопува повеќето од iPhone-ите кои се испорачуваат на клиенти ширум светот, иако американскиот гигант ги произведува и во Шенжен во јужна Кина и во Индија.

    Фабриката во Женгжу вработува околу 200.000 работници, а последниве денови ја потресе незадоволството на работниците од строгите мерки за борба против Ковид 19.

    На 19 октомври, Foxconn им забрани на работниците оброци во мензите и им нареди да јадат во нивните студентски домови, негирајќи во исто време прекин на производството.

    Запрашан од Ројтерс да ги коментира наводите за проблеми со производството, Фокскон го упати Ројтерс на изјавата во неделата во која рече дека воспоставува контрола врз ситуацијата и дека ќе го координира слободниот производствен капацитет со други фабрики за да се минимизираат последиците.

    Apple не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар за проблемите со производниот погон на Foxconn во Женгжу.

    Изворот рече дека не сака да биде именуван бидејќи информациите не се за јавноста, додавајќи дека Foxconn работи на зголемување на производството на iPhone во фабриката во Шенжен.

    Проблемите со производството дојдоа на врвот на сезоната на побарувачка на електроника пред празниците на крајот на годината, што значи скок во продажбата за компании како Apple.

    Последиците од кинеската строга политика на нулта толеранција кон Ковид се рефлектираат и во падот на активноста во кинеската индустрија во октомври, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика.

    Индексот на менаџери за набавка (PMI) во кинеската индустрија падна во октомври за 0,9 поени во однос на септември, на 49,2 поени, објави заводот за статистика.

    Вредностите пониски од 50 поени сигнализираат пад на активноста.

    Извештајот сигнализира и слабеење на странската побарувачка, што се одрази со падот на индексот на нови нарачки, четврти месец по ред, наведува Ројтерс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img