More

    Познати дел од околностите на смртта од Иванка Трамп

    spot_img

    Ивана Трамп почина на 73-годишна возраст во својот дом во Њујорк, а сега се познати дел од околностите на нејзината смрт. Ивана вчера нешто пред 13 часот е пронајдена во несвесна состојба на дното од скалите во нејзината куќа на Менхетен, пишува „Дејли мејл“.

    Инспекторите допрва треба да ја утврдат точната причина за смртта и околностите, но се верува дека смртта била случајна и дека не се работи за кривично дело. Се претпоставува дека Ивана доживеала некаков вид на напад, по што најверојатно паднала по скали. Се истражува дали дошло до срцев удар.

    Нејзината куќна помошничка и асистентката последен пат ја виделе жива во средата околу 16:30 часот кога излегле од нејзиниот дом. Телото го пронашле вработените на Ивана, потоа повикале полиција.

    Откако Ивана била прогласена за мртва, нејзиниот син Ерик Трамп дошол во нејзиниот дом.

    „Ова беше многу тажен ден, многу тажен ден“, им рекол тој на новинарите откако го напуштил домот на својата мајка во близина на Централ Парк.

    Ивана Трамп беше прва сопруга на бизнисменот и поранешен претседател на САД Доналд Трамп со кого доби три деца – Доналд помладиот, Иванка и Ерик.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img