More

    Познатиот пејач Р.Кели е осуден на 30 години затвор за сексуална злоупотреба на жени и деца

    spot_img

    Познатиот пејач Р.Кели(55), кој ја испеа песната „I Believe I can fly“ од филмот Спејс Џем за кошаркарот Мајкл Џордан, филм со кој растеа генерации деца, е осуден на 30 години затвор за сексуална злоупотреба на жени и деца. Пејачот носеше темни наочари и затворска облека и не го коментираше изрекувањето на казната, јавува Би-Би-Си.

    Адвокатите на пејачот, чие вистинско име е Роберт Силвестер Кели, велат дека тој ќе поднесе жалба. Пред изрекувањето на пресудата, неколку жени застанаа да се соочат со Кели.

    Една жена идентификувана само како Анџела го нарече пејачот „злобник кој станувал сѐ полош“ со секоја нова жртва, додека други кои не беа именувани сведочеа дека ги скршил нивните духови.

    – Буквално посакував да умрам поради тоа како ме натера да се чувствувам – рече една од жртвите.

    Окружната судијка на САД, Ен Донели, рече дека славната личност користела секс како оружје, принудувајќи ги своите жртви да прават неискажливи работи, а некои заболеле од сексуално преносливи болести.

    – Ги научивте дека љубовта е ропство и насилство – рече таа.

    Во судот се слушаа сведочења како Кели го искористил своето влијание за да ги намами жените и децата на сексуална злоупотреба во текот на две децении. Поротниците на неговото шестнеделно судење во Бруклин слушнале како тој тргувал со жени меѓу различни американски држави, потпомогнат од менаџери, чувари и други членови на неговата придружба.

    Судот исто така слушна како Кели незаконски набавил документи за да се омажи за пејачката Алаја кога таа имала 15 години во 1994 година, седум години пред пејачката да умре во авионска несреќа.

    Во потврдата, протечена во тоа време, се наведува дека Алаја имала 18 години. Нивниот брак беше поништен неколку месеци подоцна.

    Јованте Канингем, поранешна резервна пејачка на Кели, рече дека никогаш не верувала дека ќе дојде овој ден.

    – До овој момент немаше ден во мојот живот кога навистина верував дека судскиот систем ќе се заложи за црните и за обоените девојки – им рече таа на новинарите.

    – Стојам овде многу горда на мојот правосуден систем, многу горда на моите сограѓани преживеани и многу задоволна од исходот.

    Федералните обвинители препорачаа Кели да биде осуден на повеќе од 25 години затвор, со оглед на сериозноста на неговите злосторства и „потребата да се заштити јавноста од дополнителни злосторства“.

    Но, неговите адвокати побараа казна од 10 години, како задолжителен минимум за неговото осудување, или помалку.

    Тие го прикажаа Кели како растел во сиромашно домаќинство преполно со семејно насилство и страдање од сексуална злоупотреба уште од млада возраст. Тие рекоа дека тој е „уништен“ од казната и планираат да се жалат.

    Лизет Мартинез, која го запознала Кели кога имал 17 години, рекла дека имал „толку многу работи што можел да ги направи за да се спречи себеси“.

    – Тој ги имаше сите ресурси; ние немаме такви ресурси. Можеше да добие помош – изјави таа за Би-Би-Си Њуз.

    Таа рече дека Кели со години ја избегнувал правдата поради „моќта на славната личност“.

    – Верувам дека тој само заработуваше толку многу пари за толку многу моќни луѓе што тие го заштитуваа.

    Кели е во притвор откако беше обвинет од федералните обвинители во Њујорк и Чикаго во јули 2019 година.

    Неговите три години зад решетки беа исполнети со скандали, вклучително и тепање од колега затвореник во 2020 година и борбата со ковид-19 претходно годинава.

    На пејачот му се заканува понатамошна правна постапка во август, кога повторно ќе му се суди, овој пат во Чикаго поради сексуални слики со деца и обвиненија за опструкција. Тој, исто така, треба да се соочи со обвиненија за сексуална злоупотреба во судовите во Илиноис и во Минесота.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img