More

    Пожарот што денеска избувна кај Стара рампа спроти Тутунски комбинат е локализиран

    spot_img

    Пожарот што денеска избувна кај Стара рампа спроти Тутунски комбинат е локализиран, и според привичните информации, нема повредени.

    Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески рече дека е спречено ширење на пожарот.

    – Затекнат е пожар во разгорена фаза, брзо е интервенирано, направено е секторирање на објектот, спречено е ширењето на пожарот кон соседниот објект, останатиот дел е изгаснат брзо и ефикасно. Интервенирано е со шест противпожарни возила и 20 пожарникари – изјави Томевски.

    Опожарени се околу 300 метри квадратни, а според Томески, нема повредени лица во пожарот.

    – Во моментот нема лица внатре, нема повредени. Опожарени се околу 300 метри квадратни, отежнувачки фактор беше што од едната страна на објектот се наоѓа објект кој е во градба, ископ кој ни ја отежнуваше интервенцијата. На дуќанот нема оштетувања, тоа беше приоритет да се сопре пожарот да се шири кон дуќанот. Нема повредени пожарникари – нагласи Томевски.

    И градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потврди дека нема повредени во пожарот. Најави дека ќе се испитува чие е земјиштето и бараките што се изгорени.

    Како што информираше, во тие бараки имало населено семејство на диво, но било отстрането од таму по неколку месеци.

    – Ова е трет пожар откако сум јас градоначалник. Според досегашните информации, причината за трите пожари е иста, а тоа се диво вселени граѓани кои се причинители на самиот пожар. Во моментов она што го имам како информација, а дополнително во текот на денот ќе се произнесеме, е дека има сопственост на бараките и на земјиштето, има ДУП што е во важност и не гледам кои се причините за некој сам да си го пали земјиштето за да гради, доколку може да го урне истото и да гради – рече Герасимовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img