More

    Подигната воената подготвеност во руската енклава

    spot_img

    Русија организираше воени вежби во Калининград, руската енклава на Балтичкото Море меѓу Полска и Литванија,  соопшти Командата на балтичката флота, неколку дена откако висок руски функционер ги предупреди европските земји да не преземаат акција против Калининград.

    „До 1.000 припадници на армијата учествуваа во контролата… и повеќе од 60 парчиња воена опрема“, соопшти Командата.

    Покрај тоа, 20 бомбардери Су-27 и Су-24 извршија борбена обука во текот на ноќта, симулирајќи напади врз бавни воздушни и копнени цели, командни позиции и воена опрема во Калининград.

    Причината за вежбите не се наведува, ниту дали биле претходно планирани.

    Рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко во средата ги предупреди европските земји дека не преземаат ништо против Калининград, нагласувајќи дека тоа би било „играње со оган“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img