More

    Подваријантата на омикрон ги напаѓа и прележаните и вакцинираните

    spot_img

    Летниот бран на зголемен број ковид-позитивни случаи се должи на новата подваријанта на омикрон, БА.5, која е присутна во околу 80 отсто од изолатите. Таа практично сосема ја заобиколува одбраната стекната од прележувањето на досегашните соеви, како и од вакцинацијата, па сосема очекувано е да се шири експлозивно.

    Ваква е проценката на епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски, кој за весникот „Нова Македонија“ ја коментира актуелната состојба со порастот во дневната статистика на новозаразени од ковид-19 во земјава.

    Иако изминатите месеци бројките на дневна основа се движеа под 100 случаи, сепак, последнава недела тие надминуваат и 700 новозаболени.

    Во соседните земји ширењето на вирусот се зголемува, особено во Албанија и во Грција и тоа на местата кои важат за туристички центри, а во кои голем број Македонци ги поминуваат своите годишни одмори.

    – Арно ама, нашава популација веќе не е имунолошки наивна. Низ болка и солзи стекнавме силен заштитен бедем. Така што, независно што заразувањето непречено си се одвива, тој стекнат бедем оневозможува полнење на болниците и умирање. Ситуацијата на теренот е недвосмислена. Сѐ уште се наоѓаме во т.н. зелено (ниско – н.з.) ниво на постоење на ковид-19 во заедницата, според критериумите на Центрите за контрола и превенција на болести од САД – смета епидемиологот.

    Оттаму, според Даниловски, не се потребни никакви рестриктивни мерки, освен препораките кои и досега важеа, носење маски во ризични амбиенти.

    – Тие мерки особено да ги почитуваат старите лица, оние со хронични болести и имунокомпромитираните. За нив најдобро е и да си примат бустер дози на вакцина. Иако нема да бидат заштитени од заразување, тоа дефинитивно ќе им биде спас од смрт  заклучува епидемиологот.

    Даниловски дури посочува и дека веќе нема потреба ниту од изолација на сите позитивни без симптоми.

    – Доволно е да се самоизолираат само оние со симптоми. Зошто? Зашто, реалната бројка на нови случаи не е онаа што се соопштува, таа е многукратно повисока. На пример, регистрираните 700 нови случаи се само околу два проценти од реалниот број, кој е некаде 35.000 позитивни. Оттаму, ниту јавното соопштување на новите позитивни нема стручна оправданост. Тоа треба да си го следат само надлежните служби – додава Даниловски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img