More

    Погледнете ја реакцијата на Амбер кога Џони тргнал накај неа во судницата

    spot_img

    Видеото на кое се гледа како Џони Деп ѝ се приближува на Амбер Херд по нејзиното драматично сведочење на суд, привлече големо внимание во јавноста.

    Актерката се симнувала од говорницата кога сфатила дека ѝ се приближува бившиот сопруг. Таа се повлекла и се сокрила зад полицајците, кои очигледно и самите помислиле дека актерот се упатува кон неа затоа што му дале знак да престане.

    Непосредно пред тоа, 36-годишната актерка во солзи изјави дека нејзиниот поранешен сопруг сексуално ја нападнал со шишево 2015 година во Австралија и ѝ се заканил дека ќе ја убие.

    Меѓутоа, самиот Деп рече дека не гледа добро, па многумина веруваат дека не знаел каде се наоѓа Амбер во тоа време. Кога полицајците го запреле, тој се свртел кон адвокатите и ги кренал рамениците.

    Во меѓувреме, Амбер сѐ уште стоела зад полицајците и дури откако тој се повлекол, таа се вратила на своето место во судницата.

    Меѓутоа, Деп буквално одел кон вратата без да го регистрира нејзиното постоење, а таа го искористила тоа што тргнал накај вратата па се однесувала како да е исплашена од него.

    Потоа, актерот ја напуштил судницата на пауза за пушење.

    Во последните два дена, откако Амбер седна на клупата за сведочење, јавноста бурно реагира на нејзиното драматично сведочење, велејќи дека во прашање е само лоша глума на актерката во судот.

    Во текот на целото судење, поранешните сопружници избегнуваат да се гледаат во очи.

    Додека таа сведочеше, Деп запишуваше нешто во својот нотес, а фотографите го „уловија“ како црта во него.

    ФОТО: Јутјуб

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img