More

    Погледнете го моментот на нападот на колоната на претседателот на САД

    spot_img

    Непознат маж утрово ја нападнал колоната на американскиот претседател Џо Бајден во Брисел. Инцидентот, кој го снимиле и камерите, се случил околу 9 часот и 40 минути.

    Полицијата веднаш го совладала и го уапсила човекот кој го фрлил шишето во правец на колоната. Напаѓачот наводно бил во алкохолизирана состојба.

    – Маж кој бил во алкохолизирана состојба фрлил шише кон колоната на претседателот на САД, Џозеф Бајден. Успеавме да го запреме шишето пред ударот – изјави портпаролот на полицијата.

    Да потсетиме, поради посетата на Бајден, жителите на Брисел беа предупредени дека ќе се применуваат вонредни безбедносни мерки повеќе од вообичаено за самите лидери на ЕУ или за посети на други светски претставници, вклучително и врвни државници на Кина и Русија.

    Бајден во средата вечерта пристигна во Брисел, а денеска е дел од самитите на лидерите на НАТО, Г7 и ЕУ.

    Тој ќе биде во Брисел од среда навечер до петок наутро, закога беше најавено заминувањето на американскиот претседател за Полска.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img