More

    Повик за едукатор(к)и за спроведување на материјалите „Зошто 8 Март?“

    spot_img

    За нашиот омилен ден во годината, оваа година по втор пат се враќаме со средношколски-прилагодениот наставен план и материјали „Зошто 8 март?“.Она што е новина годинава е дека сакаме да вклучиме и идни просветни работници во процесот, со отворање на простор за позитивен рапор и искуства со работа со ученици и остручен пристап кон дискутирање на теми за еманципација на жените. 

    За таа цел ги повикуваме сите студент(к)и коишто се при крај со студиите во доменот на педагогија, просвета или генерално се насочуваат кон работа со млади да се пријават со пополнување на Гугл формата.Откако/ако ќе бидат избрани, студент(к)ите ќе бидат поврзани со пријавените професор(к)и на чијшто час ќе ги предаваат материјалите. Наставната содржина ќе биде прилагодена во договор со професор(к)ите и потребите на одделението.Секој(а) едукатор(ка) ќе биде биде ангажиран(а) да одржи најмногу два часа, а сите потребни материјали и наставни помагала ќе бидат обезбедени од Тиииит!Инк. Предвидените часови ќе се одржат на 8 март или неделата помеѓу 7 и 11 март.

    Можат да се пријавуваат млади од сите градови, со тоа што ќе бидат избрани и назначени за одделение оние во чијшто град сме успеале да оствариме соработка со професор/ка.  

    Годинава темата на материјалите е филм и женските ликови во филмовите. Материјалот содржи два дела, од кои првиот дел има за цел да информира за присуството на жените во македонската кинематографија а вториот дел е активност и насочена дискусија којашто ќе ги запознае ученичките/ците со женските ликови на екраните и ќе ги поттикне да зборуваат на актуелни теми кои се дел од моменталниот феминистички филмски дискурс. Наставните материјали ќе им бидат дадени на одбраните едукатор(к)и предвреме за да потемелно се запознаат со содржината што ќе ја предаваат.

    Овој материјал е изготвен за сите професор(к)и и едукатор(к)и кои сметаат дека материјалот е адекватен или прилагодлив за нивната група на ученици, и сакаат да зборуваат за родовата нееднаквост и феминизмот со младите. Наставниците/чките можат да го менуваат и приспособуваат материјалот за да се совпадне во контекстот на нивната група, компетенциите и потребите на учениците/чките, како и начинот на кој ја извршуваат наставата. Особено ни е драго што ја продолжуваме соработката со професорките коишто лани ја спроведоа активноста, а годинава повторно ја препознаа важноста на отворање вакви дискусии, особено во училиштата.

    Целта на овие материјали е да се охрабрат сите оние кои се активни чинители во образовниот процес да станат дел од една дискусија која е неодделив дел од секојдневното постоење и учествување во нашето општество. Ова иницијатива дојде како резултат од активноста на нашите партнерки и соборки од Словенија – Mesto Žensk (City of Women), кои го прават ова од 2016 и оттогаш активно соработуваат со учителките/ите и педагозите во рамките на ова иницијатива.

    Овде може да ги најдете минатогодишните материјалите кои вклучуваат копија со наставен план и копија со квизот за учениците/чките.

    Спроведувањето на активноста е поддржано од фондација Kvinna till Kvinna.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img