More

    Повеќе од 14.000 ученици се пријавиле за во средно

    spot_img

    Електронското аплицирање за упис во средно образование за учебната 2022/2023 година заврши денеска во 15 часот. Пријавувањето почна на 10 јуни во 10 часот преку линк до порталот за електронски услуги https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку нивните кориснички сметки на schools.mk. Еден час пред затворањето на е-системот, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прес-конференција соопшти дека стигнале над 14.000 апликации од ученици.

    Бројот е сличен како и минатата година во првиот уписен рок што, според Шаќири, е потврда дека процесот е функционален, а онаму каде што имало проблеми при аплицирањето, учениците и родителите добивале поддршка од Секторот за средно образование.

    Оваа дигитална услуга МОН ја воведе годинава. Шаќири истакна дека новиот начин на уписи резултирал со, како што рече, евидентно релаксиран процес за разлика од минатите години – учениците имаа увид во поените од успехот и можност да ја менуваат, ажурираат и дополнуваат пријавата, односно да се премислат во изборот на училиштето.

    – Со цел оптимизирање на целиот процес на уписите во средните училишта, МОН првпат оваа година воведе нова дигитална услуга која овозможи електронско аплицирање на учениците за упис во прва година. Согласно поените од успехот во основното образование, учениците имаат можност да изберат училиште и вид на образование и за сето тоа им беа потребни не повеќе од 5 до 10 минути за аплицирање. На овој начин ги намаливме гужвите во средните училишта за пријавување, со што се минимизира неизвесноста и нервозата од исходот на уписите. Исто така, ја зголемивме  транспарентноста и ја намаливме улогата на човечкиот фактор – рече Шаќири.

    Утре и задутре (16 и 17 јуни) училишните комисии ќе вршат проверка на идентичноста на податоците од пристигнатите апликации со доставените документи, а в сабота, 18 јуни, ќе бидат објавени конечните ранг-листи на огласните табли на училиштата и на веб-страницата на МОН (mon.gov.mk).

    Шаќири соопшти дека новина идната година ќе биде надградба на Е-дневникот со побрзи сервери за полесна функционалност, мобилна апликација за Е-дневникот и подобра комуникација во реално време со родителите, воведување електронско свидетелство, а ќе се работи и на автоматско аплицирање на матурантите за упис на универзитетите. Исто така, се планира целосна електронска евиденција на сите студенти на универзитетите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img