More

    Повеќе нема да купувате ништо со цена која завршува на 9

    spot_img

    Без разлика во колку продавници ќе влезете и колку и да гледате по нивните рафтови, секогаш купувачите се фокусираат на цената. Се чини дека нема цена што не завршува со бројот девет, всушност обично е 99.

    Голема студија спроведена од професорите Даниел Леви и Авичи Снир, врз основа на неколкугодишни податоци собрани од американските продавници, откри дека кога потрошувачите купуваат предмети чија цена завршува на 9, не само што не заштедиле ниту цент, туку и стоката во просек ја преплатилче за 18 отсто во споредба со слични артикли со „нормални цени“.

    Ги анализирале цените на сè – од сирења, до грицки и сокови, супи од конзерва, детергенти, до тоалетна хартија и шампон, а заклучокот е дека кога цената на стоката завршува за девет, по правило, таа е поскапа од стоката која има цена без таа бројка.

    Секако, кај одредени намирници разликите се фрапантни – на пример, соковите чија цена завршува на девет се во просек за 43 отсто поскапи од соковите без таа бројка на крајот, тоалетната хартија е поскапа за 35 отсто, бонбоните за 28 отсто, хартиени крпи за 23 отсто и сапуни 22,6 отсто.

    Никој не знае кога и зошто оваа практика на завршување на цените на 9 е воведена во продавницата, но слична тактика е откриена во рекламите на Мејси од 1880 година, во кои одредени артикли чинат 1,99 и се рекламираат како голема зделка. Денешните истражувања покажуваат дека меѓу цените кои завршуваат со деветки, најзастапени се 9,99, потоа 9, па 9,95 па 4,99.

    Некои други истражувања покажуваат дека трговците на мало ги заокружуваат цените на 99 кога ќе покачат нешто за да го минимизираат влијанието врз потрошувачите, додека кога ја намалуваат цената на производите одат на некои други бројки.

    Исто така, докажано е дека цените кои завршуваат со 99 се претежно напумпани со најпристапната сума на пазарот, па потрошувачите кога размислуваат да купат нов телевизор, на пример, секогаш треба да се запрашаат – дали навистина се тие 26.999 денари најприфатливиот избор што можат да го најдат?

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img