More

    Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ е од времен карактер

    spot_img

    Плочата за АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчински“ е од времен карактер, одговорија денеска од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски откако медиумите објавија дека плочата ја нема веќе на местото на чествувањето.

    На нашето прашање дали претседателот ќе реагира до српскиот државен врв поради тоа што таблата која беше поставена за одбележувањето на АСНОМ во манастирот Прохор Пчински е тргната, од Кабинетот на Пендаровски ни одговорија:

    – Плочата којашто беше поставена во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беше од времен карактер со цел да се реализира посетата на претседателот Пендаровски и државната делегација, за прв пат по повеќе години. Тогаш беше договорено во најбрз можен рок да се формираат работни групи составени од претставници од двете министерства за надворешни работи, министерствата за култура, како и од други државни институции коишто ќе ги утврдат начинот и формата за прослава на 2 Август, Илинден во „Св. Прохор Пчински“ за наредната година. Целта на таквата формализирана соработка е да се воспостави институционална форма за одбележување на празникот Илинден во манастирот „Св. Прохор Пчински“.

    Претходно претседателот ѝ се заблагодари на Србија што за рекордно кратко време направила нова плоча со оригиналниот текст од заседанието на АСНОМ, пред која тој се поклони за време на одбележувањето на 2 август во манастирот „Прохор Пчински“.

    Пендаровски тогаш посочи дека Скопје и Белград имаат договор од 2000-та година околу одбележување на културно-споменични обележја во двете земји, но не кажа дека плочата е во манастирот е поставена само за потребите на чествувањето за АСНОМ.

    – Мислам дека тоа можеби послужи како правна основа брзо да ја направиме таа работна група и за следниот пат да ги имаме сите оние обележја кои ги имало ова место во времето кога било одржано историското заседание. Меѓутоа, морам уште еднаш да ги пофалам и да им оддадам почит на српските домаќини, затоа што успеаја за рекордно кратко време оригиналната плоча која не можеа да ја најдат, да направат нова со оригиналниот текст и пред која денеска се поклонивме – рече во таа прилика претседателот.

    Тогаш Пендаровски рече дека идејата е постојано да се слави празникот на ова место.

    – Јас мислам дека идејата е не да дојдеме само оваа година, туку од оваа година натаму постојано тука да го славиме. Знаете, има нов контекст во политичките односи, ние никогаш не сме имале проблеми, меѓутоа меѓу црквите постоеја одредени проблеми кои се разрешени од мај оваа година и мислам дека тоа треба да го искористиме дополнително да го зацврстиме тоа и црковно и државно пријателство меѓу двете држави и двата народа. Не верувам, такво уверување добив од моите домаќини, дека ова се случува само сега и дека е ПР-настан – сакаат само да се пофалат. Не, ова треба да биде еден камен-темелик, значи да положиме темелник на новите односи и во оваа смисла, оти ако не ги почитуваме светињите, ако не ги почитуваме светите места наши и нивни од нашето минато мислам дека немаме никаква иднина во билатералните односи – изјави Пендаровски по посетата на Прохор Пчински.

    Останува прашањето каде ќе се чува плочата до следниот Илинден, и дали пак ќе треба македонскиот државен врв да ургира за да го посети манастирот во кој се одржало заседанието на АСНОМ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img