More

    Пловдивскиот митрополит ги нарече религиозни фанатици на омразата

    spot_img

    Пловдивскиот митрополит Николај, на крајот од литургијата за Денот на обединувањето, остро ги нападна дипломираните во странство, кои по враќањето од студирање во странство се однесувале со презир кон народот во Бугарија, јави дописникот на МИА од Софија. Во знак на несогласување, демонстративно си заминаа кандидатите за пратеници од „Продолжуваме со промената“ на поранешниот премиер Кирил Петков, кој присуствуваше на литургијата.

    Според Николај, оние кои дипломирале во странство се враќаат во Бугарија и излегува дека, покрај знаењето, усвоиле и презир кон татковината, непочитување на родителите, екстремен индивидуализам, материјализам, себичност и згора на тоа, тие се подготвени на сила да го наметнат она што го научиле, со методите на инквизиција. Дипломирани студенти на престижни универзитети на Запад зборувале за политика, но во практика, според митрополитот на Пловдив, тие се однесувале како религиозни фанатици, исповедајќи некоја религија на омраза.

    По овие зборови кандидатите за пратеници на „Продолжуваме со промената“ ја напуштија црквата Света Богородица во Пловдив и во неа остана само Никола Минчев. Говорот на Николај предизвика бран на огорченост на социјалните мрежи во Бугарија и осуда на ставот на бугарскиот митрополит против оние кои го следеа и го завршија своето високо образование на Запад.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img