More

    Планети кои кружат околу две, наместо едно сонце дефинитивно постојат, а таква е Кеплер-16б која ја открија астрономите, на само 245 светлосни години од нашата Земја

    spot_img

    Планети кои кружат околу две, наместо едно сонце дефинитивно постојат, а таква е Кеплер-16б која ја открија астрономите, на само 245 светлосни години од нашата Земја, пишува СајТекДејли. Планетата е гасен џин приближно голема колку Сатурн, додека терминот „гасен џин“ значи дека нејзината атмосфера е полна со ветрови и бури слично како Јупитер.

    Научниците веќе знаеја дека планетата постои, но дури сега еден меѓународен тим од астрономи успеа да го потврди сознанието користејќи еден, инаку стар, метод, наречен спектроскопија.

    – Тоа е потврда дека нашиот метод функционира – рече Дејвид Мартин, коавтор на студијата и соработник на НАСА во Одделот за астрономија во Охајо и додаде:

    – И ова сега создава можност за нас да го примениме методов за да идентификуваме други системи како овој.

    Техниката, наречена метод на радијална брзина, долго време се користи во астрономијата.

    Се анализираат спектарите на светлината произведени од ѕвездите преку телескопи на Земјата. Обично овие спектари се прави линии, но во случајот со Кеплер-16б линијата се „нишала“ што значи дека орбитира околу две ѕвезди. Тоа што е ново, дека никој не знаел дека оваа техника може да се користи за планети надвор од нашиот сончев систем.

    Мерењето на радијалната брзина е, заклучува Мартин, меѓу најдобрите алатки што ги имаат астрономите за да ги идентификуваат егзопланетите или планетите надвор од нашиот Сончев систем. Студијата беше објавена неделава во Месечните извештаи на Кралското астрономско друштво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img