More

    Писмо од семејството Ковачевски: Подолг временски период ние и нашето семејство сме мета на бескрупулозни напади од страна на порталот Буревесник.нет и „новинарот“ Зоран „Буревесник“

    spot_img

    Почитувани сограѓани, почитувана јавност! Ја известуваме македонската јавност дека подолг временски период ние и нашето семејство сме мета на бескрупулозни напади од страна на порталот Буревесник.нет и „новинарот“ Зоран „Буревесник“ Божиновски кои напади преку изнесување на тешки навреди и клевети се изнесуваат и преку фејсбук страниците на наведениот портал и “новинарот”. Преку објавите на таквите лаги на нас, нашите деца и потесно семејство ни е нанесена огромно штета по нашата чест и углед и ни се нанесува голема душевна, емоционална болка и стрес. Од тие причини прво ги демантираме сите клевети и навреди кои лицето Зоран Божиновски ги има искажано за нас и нашето семејство. За истите да преставуваат дека се неосновани, ја известуваме јавноста дека поведовме постапка пред Комисијата за жалби при Советот на етика во медиумите на Македонија . Не се одлучивме за граѓанска тужба од причина што сметаме дека самата новинарска фела е должна преку саморегулацијата да го осуди неетичкото и непрофесионалното новинарство! Од тие причини Советот на етика во медиумите по однос на објавениот НЕновинарски текст е со став, цитираме: Новинарите имаат право на свое мислење, став и вредносен суд, но не смеат сопственото мислење да го камуфлираат како факти. Мора да биде јасно разграничено што се факти и информации, а што коментар, претпоставка или став на авторот за да се избегнат дезинформирање и манипулирање со публиката.“ „Онлајн медиумите, при пренесувањето тврдења на политички субјекти или други извори, ќе настојуваат секогаш кога е тоа можно да ги проверат тие тврдења, односно да не бидат само пренесувачи на “сервирани факти“ од некој друг. Со тоа, на публиката ќе ѝ овозможат да прави разлика меѓу фактите и шпекулациите или дезинформациите, особено кога станува збор за важни и актуелни случувања и теми.“ Како граѓани на оваа држава кои максимално го поддржуваат правото на слобода на изразување се одлучивме за поднесување жалба до Советот за Етика на новинарство. Сметаме дека на овој начин ќе допреме до македонската јавност дека ,,новинарот “ Зоран Божиновски на НЕПРОФЕСИОНАЛЕН начин си ја извршува својата работа, затоа што тој е должен да ја провери информацијата од што е можно повеќе извори“. Од постапките на „НЕновинарот“ Зоран Божиновски јасно се гледа намерата да и наштети на нашата чест и углед и да ни предизвика душевна болка и стрес, а себе си да си привлече внимание во јавноста. На овој начин сакаме да ја разобличиме работата на овој “новинар” и неговиот портал кога самите негови колеги сметаат дека неговите објави и текстови не се во согласност со новинарските професионални и етички стандарди, а со тоа македонската јавност не треба да ги зема за релевантни. Во интерес на ВИСТИНАТА овај допис го доставуваме до медиумите и целокупната јавност.

    Со почит, Васко Ковачевски и Мери Ковачевска

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img