More

    Пипа на платинестиот јубилеј го покажа трудничкиот стомак

    spot_img

    Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, го чека своето трето дете. Пипа има две деца, а папарацо фотографиите од платинестиот јубилеј откриваат дека е бремена по третпат.

    Пипа се појави во зелен фустан на прославата на платинестиот јубилеј на кој се славеше 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора, а во преден план беше нејзиниот труднички стомак

    Пипа и нејзиниот партнер Џејмс Метјуз по третпат ќе станат родители, а еден од изворите за американскиот портал „Пејџ сикс“ изјавил дека парот е пресреќен по повод приновата во семејството, бидејќи ги видел пред кралската палата на повод на големата прослава за платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.

    Некои медиуми објавија дека веста за третата бременост на сестрата на војвотката од Кембриџ била потврдена од повеќе извори.

    Пипа и Џејмс веќе имаат син по име Артур, кој се роди во октомври 2018 година. Во меѓувреме, двојката доби и девојче, Грејс, во март 2021 година. Двојката е во брак од 2017 година, а првпат тие се запознале во 2007 година во луксузниот хотел „Eden rock“.

    Меѓутоа, немаше никакви вести за нивната врска сѐ до неколку години подоцна, во 2012 година, кога двајцата беа забележани на заедничка вечера.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img