More

    Пике ја изневерувал уште во 2021 година и љубовницата ја носел дома

    spot_img

    Фудбалерот Жерар Пике ја започнал љубовната врска со сегашната девојка Клара Чиа Марти уште во 2021 година и ја донел во куќата каде што живеел со пејачката Шакира, со која беше 12 години во врска и со која доби два сина.

    Обожавателите забележале дека Пике и Клара тогаш снимиле интервју на Зум во куќата што ја делел со популарната колумбиска пејачка. Подоцна било откриено дека Клара, всушност, била редовен гостин.

    Извори велат дека Шакира сега се чувствува скршено бидејќи тогаш мислела дека нивната врска е стабилна. Не можела да поверува дека неговата љубовница се одомаќинила и се чувствувала удобно во нивната куќа.

    „Шакира често патуваше, а тој ја носеше Клара во нивната заедничка куќа. Таа беше во шок откако дозна дека ја изневерува многу подолго отколку што мислеше на почетокот“, рекол изворот.

    Да потсетиме, Шакира и Пике раскинаа во јуни минатата година. Тие неодамна постигнаа договор за старателството над синовите Милан (9) и Саша (7). Пејачката наскоро ќе се пресели во Мајами и таму ќе ги одгледува нивните деца.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img