More

    Пике уловен како излегува од домот на Шакира

    spot_img

    Откако Шакира и Жерар Пике објавија дека се разделуваат по 12 години врска, требаше малку време сите валкани алишта да ја видат светлината на денот кога е ова семејство во прашање.

    Најпрвин сѐ се базираше на претпоставки дека фудбалерот ја изневерил пејачката, но набргу потоа се појави со својата нова избраничка Клара Чиа Марти и спектаклот започна.

    Шакира објави песна во која индиректно отпеа како се чувствува, но вистинскиот удар го зададе со последната песна која и понатаму е една од најслушаните ширум светот. Во песната таа ги прозива поранешниот и неговата нова девојка, а тоа не било доволно, па ги расипала и односите со мајката на Пике.

    Сепак, се чини дека за доброто на децата можат барем на кратко да ги закопаат секирите, па Пике присуствуваше и на прославата на десеттиот роденден на нивниот син Милан. Фудбалерот за да ги избегне новинарите влегол во својата поранешна куќа преку преминот од куќата на неговите родители, но бил фотографиран кога ја напуштил роденденската забава.

     

    Фудбалерот е фатен како излегува од поранешниот семеен дом со насмевка на лицето.

    Пејачката во домот организирала прослава со блиски пријатели и членови на семејството.

    По прославата, Пике ги земал синовите за да помине неколку денови со нив, а папараците ги фотографирале додека излегувале со автомобилот од куќата.

    Во домот во кој до неодамна живееше со Шакира, Пике наводно влегол преку куќата на неговите родители со која делат заеднички простории.

    Парот објави дека се разделува по 11 години во јуни 2022 година.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img