More

    Пејачот Ламбе Алабаковски е приведен за подметнување пожар на вратата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола

    spot_img

    Пејачот Ламбе Алабаковски е приведен за подметнување пожар на вратата на Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, објавуваат медиумите, повикувајќи се на извори од МВР.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски претпладнево преку својот профил на Фејсбук информира дека е приведен Л.А. (34) кој го признал делото.

    „Се работеше деноноќно да се изнајде сторителот, се земаа предвид сите докази, а по извршените службени разговори во изминатите денови, вчеравечер, со судска наредба, беше извршен претрес на две локации кои ги користи Л.А.(34) од Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело, по што лицето е лишено од слобода“, напиша Спасовски.

    Уште еднаш покажавме дека единствената моќ што ја има секоја правна држава е моќта да го сузбие криминалот. И во овој сегмент нема ‘пардон’, нема заштитени лица – сите се еднакви пред лицето на законот, а секој којшто се огрешил – мора да одговара!“, порача Спасовски.

    Алабаковски неодамна со своето семејство се врати од САД, каде живееше неколку години.

    По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img