More

    Пејачот Алабаковски тргна по херојските стапки на Стив Наумов

    spot_img

    Делото на Ламбе Алабаковски е реакција на неспосбноста на државата. Сигурно на еден антифашист, каков што е Албаковски, му се стемнило и тој затоа го опожарил влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Ова за Плусинфо го изјави еминентниот македонски историчар Тодор Чепреганов.

    Чепреганов појаснува дека клубот во Битола е чиста провокација и направен е за да биде запален.

    – Ламбе го стори тоа што потсвесно го мисли народот. За тоа е виновна државата, која дозволи отварање на културен центар именуван по фашист. Кривично требаше да бидат гонети луѓето што го отворија клубот, но тука институциите самите се прогласија за ненадлежни – додава Чепреганов.

    Историчарот смета дека не е до крај точна споредбата на постапката на Алабаковски со делото на гемиџиите, познати и како солунски атентатори. Гемиџиите, вели тој, се заколнале на смрт.

    – Гемиџиите имале идеја да ја завршат работата и да умрат. Гемија е вид на брод, па оттука асоцијацијата дека тие се качиле на брод, којшто патувал во еден правец. Но, земајќи го во предвид историскиот контекст, постапката на Алабаковски може да се спореди со преземената акција од страна на Стив Наумов, народниот херој од Битола. Тука имаме едно повторување на историјата, бидејќи Наумов во 1942 година на сред улица го убива бугарскиот полициски началник. За атентатот информарал „Њујорк тајмс“, тоа било голема вест, бидејќи во окупираната Европа, некој се осмелил да удри по фашизмот. Алабаковски во 2022 година тргна по стапките на Наумов и се бори со фашизмот во својата Битола – заклучи Чепреганов.

    Попладнево пред полициската станица во Битола, во организација на Левица ќе се оджи протест против притворањето на Алабаковски, на кого судот му одреди притвор во трање од 8 дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img