More

    Пејачката на удар на критики поради телото

    spot_img

    Музичарката Камила Кабело (25) често е на удар на критиките поради нејзиниот изглед, кој не се вклопува во ригорозните шоубиз стандарди на Запад, а хејтерите ѝ забележуваат на нејзините вишок килограми. И покрај ова, пејачката не се грижи за тоа дека треба да ослабе, туку реши да испрати јасна порака до сите дека нејзината вредност не ја одредува нејзината килажа, како ниту коментарите на социјалните мрежи.

    „Оваа жена итно мора да оди во теретана“, „Прилично е дебела“, „Секако не е пример како здраво да се храните“, „Изгледа како бебе кит“, „Треба да ослабне 15 килограми пред следниот пат да оди на плажа“, се само дел од коментарите.

     

    – Секогаш кога одам на плажа во Мајами станувам мета на папараците – некако секогаш дознаваат кога ќе дојдам, ме фаќаат во бикини и секогаш се чувствувам ранливо и неподготвено. Носев костим за капење кој ми беше мал и не обрнував внимание на тоа како изгледам, но потоа видов фотографии на социјалните мрежи и коментари и тоа навистина ме вознемири. Се потсетувам самата себе дека на мојата самодоверба влијаеја мислите обликувани од општеството. Општество толку навикнато на светот на идејата за тоа како изгледа „здравото“ женско тело, а таа идеја е апсолутно нереална за многу, многу жени. Фотошоп, рестриктивна диета, претерување во вежбањето и избирање агли за фотографирање кои овозможуваат нашите тела да изгледаат поинаку отколку во реалноста и во нивната природна форма – напишала Камила.

     

     

    – Се потсетувам на сето ова, на социјалните мрежи следам жени кои го прифаќаат својот целулит, стрии, стомак… Сакам да се чувствувам добро. Денес купив ново бикини, толку е слатко и не јадев ништо тешко пред да одам на плажа, бидејќи знаев дека сето тоа ќе се претвори во фотосесија. Толку цврсто го држев стомакот вовлечен што ме болеше, не дишев и едвај се насмеав и бев толку свесна каде се фотоапаратите што не можев да се опуштам и да уживам. Се обидов да се преправам дека не се таму, но не можев и едноставно го вовлекував стомакот секој пат кога одев од лежалката до морето – изјави музичарката.

     


    – Мислев дека ќе изгледам добро на фотографиите и мислев дека ќе се чувствувам исполнето, а сепак никогаш не ми било полошо на плажа. Чувствував тага и празнина бидејќи мислите на ова општество станаа мои мисли. Сакам да зборувам за ова затоа што гледаме фотографии од жени и ги фалиме дека изгледаат добро, фит или здраво, но што е тоа здравје ако сте толку фокусирани на тоа како изгледа вашето тело што вашето ментално здравје страда и не можете да уживате во животот. На кого воопшто се обидувам да му бидам привлечна и дали сум привлечна за себе ако не можам да се опуштам и да уживам во убав ден на плажа? За жал, сѐ уште не сум дошла до таа состојба во која не ми е грижа за туѓото мислење – изјавила Камила.

    Таа вели дека е свесна дека тоа како изгледа не одредува колку е среќна, здрава или секси, но и дека пораките што ги добива ѝ влијаат емотивно и постојано одекнуваат во нејзината глава.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img