More

    Пејачката Дуа Липа ги шокираше обожавателите бидејќи се најде фатена во „љубовен триаголник“ со ѕвездата на „Нетфликс“, Арон Пајпер и пејачката ФКА Твигс

    spot_img

    Пејачката Дуа Липа ги шокираше обожавателите бидејќи се најде фатена во „љубовен триаголник“ со ѕвездата на „Нетфликс“, Арон Пајпер и пејачката ФКА Твигс, пишува „Дејли мејл“.

    Дуа ги поттикна гласините за романса кога беше снимена како разменува нежности со Арон (25) во ноќен клуб во Мадрид, но само еден ден подоцна, 34-годишната ФКА Твигс објави видео на ТикТок во кое страсно се бакнува со Арон, ѕвездата на хит серијата „Елита“.

    Обожавателите на Твитер го изразија својот шок од „замрсената“ ситуација, иако неколкумина шпекулираа дека тоа е маркетиншки трик за да се уфрли синглот на Дуа и ФКА Твигс, „Why Don’t You Love Me“, прашувајќи се дали ова намерно го прават, односно дали е во прашање музички спот во кој би можел да глуми Арон.

     

    И додека многу фанови беа пресреќни кога ги видоа сомнителните видеа од клубот во кои Дуа и Арон се многу блиски, многумина останаа разочарани по објавата на британската пејачка Талија Дебрет Барнет, во јавноста позната како ФКА Твигс.

     

    Тврдењата дека „љубовниот триаголник“ е трик за публицитет се поттикнати и од тоа дека ФКА сè уште се забавува со Мети Хили. Пејачката изјави дека тие сè уште биле заедно, пред само три месеци, во март.

    Во меѓувреме, се верува дека Дуа Липа е сингл откако се раздели со нејзиното момче Анвар Хадид во декември по две години врска.

     

    ВИДЕО: Дејли мејл

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img