More

    Пет деца се повредени во превртен автобус полн со бегалци

    spot_img

    Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот наутро во Полска, кога се превртел автобус полн со бегалци од Украина. Несреќата се случила на магистралниот пат број 17, делница Лублин – Краснистав, кај местото Колонија Сидлски.

    Во болница се примени пет деца и еден возрасен, соопшти полицијата. Според првите информации децата не се опасни по живот. Жени и деца од Украина патувале од граничниот премин Хребена до Варшава.

    фото: Полиција Лублин

    – Автобусот одел во правец на Варшава, а потоа излетал од патот во канал и се превртел – соопшти полицијата.

    Во автобусот имало 73 лица, меѓу кои и двајца возачи, пишува „Polsat News“.

    – Возачот (47) не бил под дејство на алкохол – известила портпаролката Елвира Домараџка од окружниот полициски штаб во Свидник.

    фото: Полиција Лублин

    – Бев на местото на несреќата, службите веднаш интервенираа, спасувачката акција беше спроведена ефикасно и динамично. Противпожарните и полициските единици беа многу брзо изведени на местото на настанот – рече таа.

    Таа додаде дека полицајците им помогнале на жените и децата да излезат од автобусот.

    фото: Полиција Лублин

    – Групата беше однесена во блиската доброволна противпожарна бригада. Таму бегалците добија топол оброк, пијалоци и психолошка поддршка – додаде таа.

    Портпаролката истакна дека луѓето веднаш дошле на помош.

    фото: Полиција Лублин

    – Беше организирана масовна мобилизација, луѓето почнаа да носат храна и ќебиња. Јасно беше дека сите се со отворено срце и сакаат да помогнат – рече Домараџка и додаде дека се чекаат информации од болницата за повредени.

    Во моментов од каналот на местото на несреќата се извлекува автобус со специјализирана опрема.

    Да потсетиме, повеќе од половина милион луѓе побегнаа од Украина во Полска во изминатите осум дена поради руската инвазија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img