More

    Петровска на вонредниот министерски НАТО состанок

    spot_img

    Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на вонредниот состанок на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој главни теми за дискусија беа руската инвазија на Украина и нејзиното влијание врз европската безбедносна инфраструктура, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО членките.

    – Од вонредниот состанок на НАТО министрите за одбрана, Алијансата испраќа три клучни пораки – дека светот се обединува во осудата на војната во Украина, дека НАТО продолжува со поддршката за Украина во нивната одбрана со помош за украинскиот народ и за сите бегалци, и дека клучната задача на НАТО е одвраќање и одбрана на сојузниците и за таа цел се распоредени дополнителни НАТО сили долж источниот дел на Алијансата – изјави министерката Петровска по состанокот на Северноатлантскиот совет.

    Како што соопшти Министерството за одбрана, на состанок во рамките на првата работна сесија, која се одржа заедно со Украина, Грузија, Финска, Шведска и Европската Унија, министрите за одбрана на НАТО ја потврдија силната осуда за непровоцираниот и неоправданиот вооружен напад на Русија врз Украина и врз меѓународниот поредок. Дополнително, беше изразена силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина како и побарување за повлекување на сите вооружени формации од Русија и воспоставување на мирот. НАТО членките и партнерите продолжуваат да обезбедуваат поддршка за Украина и да ги прифаќаат бегалците.

    Во втората работна сесија, недвосмислено беше потврдена посветеноста на Алијансата како одбранбен сојуз, на клучниот принцип, а тоа е одвраќање и одбрана на сите земјите членки. Сите мерки и активности што се преземаат, претставуваат дел од одвраќањето и одбраната на Алијансата и во овој контекст беше и потврдена согласноста за зајакнато присуство на силите на НАТО во источниот дел на Алијансата, стои во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img