More

    Петков неформално признал дека постоел фашизам во Бугарија во Втората светска војна на настан на 18 јануари годинава во клубот на пратениците наменет само за бугарските новинари, не би се определил за терминот „бугарски фашисти“

    spot_img

    Бугарскиот премиер Кирил Петков неформално признал дека постоел фашизам во Бугарија во Втората светска војна на настан на 18 јануари годинава во клубот на пратениците наменет само за бугарските новинари, не би се определил за терминот „бугарски фашисти“, пишува Канал5. Тој индиректно потврди и дека постои македонско малцинство во Бугарија.

    – Во одредени делови од историјата има негативни историски факти кои не можат да се игнорираат, но од друга страна, кога се зборува за тоа, ние треба да зборуваме за фашистички режим, ако постоел таков, но не треба да зборуваме за бугарски фашисти, зошто комбинацијата меѓу двете има голема разлика – изјавил тогаш Кирил Петков.

    Во едно друго тв-гостување годинава, новинарка го праша Петков како поминала средбата со македонскиот претседател Пендаровски и дали зборувале за фактот што Пендаровски се сретна со Македонците од ОМО Илинден.

    – Јас би сакала да видам во еден учебник во кој не пишува дека сме Татари, Монголи, фашисти, окупатори – му вели новинарката на Петков во интервјуто.

    – Можете неа (Генчовска) да ја прашате – одговори Петков, алудирајќи на министерката за надворешни работи.

    – Ако еден учебник се смени заедно со Уставот, работите ќе бидат многу различни – му предлага новинарката.

    Притисокот врз Софија и Скопје се зголемува пред самитот на ЕУ месецов. Во сабота германскиот канцелар Олаф Шолц ќе го посети Скопје, а потоа и Софија во обид да се поместат работите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img