More

    Петков го поздрави откривањето на сторителот на палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола

    spot_img

    Премиерот на Бугарија Кирил Петков на официјалната Фејсбук страница на бугарската влада го поздрави откривањето на сторителот на палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

    Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им се заблагодарил на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за ефективно постапување, со што во најбрз можен рок го фатиле пироманот.

    „Дефинитивно нема да подлегнуваме на провокации кои имаат за цел да ги саботираат односите со нашите соседи“, пишува на фб статусот на бугарскиот премиер.

    Медиумите во Софија ја пренесоа информацијата на министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, за приведениот сторител на пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, што се случи во саботата. Медиумите ја цитираат изјавата на Спасовски дека сторителот целосно го признал делото.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img