More

    Петков вели дека го нема прочитано францускиот предлог за отстранување на бугарското вето за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија

    spot_img

    Бугарскиот премиер Кирил Петков вели дека го нема прочитано францускиот предлог за отстранување на бугарското вето за почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, но знае дека во него има гаранција дека Македонија нема да ги почне пристапните преговори додека не го смени уставот и во него ги внесе Бугарите.

    – Првите услови со Република Северна Македонија беа 5+1. Со објавувањето на нов пристап со пријателски начин на зборување, тие веднаш се согласија и тоа стана 4+1 без да бараат реципрочна акција од Бугарија. Второто што се случи, во францускиот предлог, иако не сум го прочитал, ќе има гаранција за Бугарите во Репулика Северна Македонија од антидискриминација и Република Северна Македонија нема да ги започне преговорите пред да го смени својот устав и Бугарите да станат дел од народите кои што ја претставуваат таа држава – изјави Петков вечерва интервју за „БНТ“.

    Тој кажа дека можно е следната недела да отиде во Брисел на состанокот на Европскиот совет и да опстои на ветото ако бугарскиот парламент не донесе одлука за францускиот предлог. Петков потврди дека францускиот предлог е пристигнат во комисијата за надворешни работи на бугарскиот парламент.

    – Секој пат кога зад кулисите се обидуваат да ја расклатат државата се подигнува картата на Северна Македонија. За да биде нестабилна коалицијата непрекинато се зборуваше за Република Северна Македонија, а јас повторив 20 пати дека нема да има решение на таа тема без бугарскиот парламент. Никој не го слушаше тоа, тоа не му одговараше на никого да го чуе, само сакаа да го повторуваат истото одново и одново. Ќе видите во наредните неколку денови каков ќе биде конечниот одговор по тоа прашање, а јас како премиер нема да донесам никакво решение ако нема решение во бугарскиот парламент. Другата недела одам во Брисел и ако немаме решение во бугарскиот парламент единствено што ќе кажам во Брисел е дека сум ветил дека такво решение треба да се донесе во бугарскиот парламент и такво не е донесено и нема да има никаква промена во бугарската позиција. И денес, кога предлогот дојде од француската страна, директно отиде во комисијата за надворешни работи без да помине и на влада – кажа Петков.

    Како што претходно беше објавено, Македонија самата прифаќа да го смени Уставот, со што Бугарите ќе бидат вметнати во Преамбулата, до ефективниот почеток на преговорите со ЕУ за да се дигне ветото за првата меѓувладина конференција. Тоа значи дека ветото и да биде дигнато, тоа ќе биде симболичен почеток на преговори, но нема да има отварања поглавја додека во Македонија не се смени Уставот по барање на земја – членка на ЕУ.

    Во овој предлог за преговарачката рамка на француското претседателство, фактички се прифаќаат сите барања на Бугарија, освен барањето за непостоењето на македонскиот јазик. Прашањата што се поврзани со образование и историја се изедначуваат со прашањата што се од фундаментално значeње на ЕУ, поглавјата 23 и 24 што се однесуваат на човекови права и владеење на правото.

    Премиерот Димитар Ковачевски попладнево рече дека Македонија не го добила предлогот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img