More

    Песната Црвена калина стана хит откако ја испеаја Пинк Флојд

    spot_img

    Руските власти на Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година, ја казниja победничката на кримскиот избор на убавица затоа што испеала украинска песна, јави Би-би-си.

    Олга Валеева беше обвинета за навредување на руската армија и промовирање екстремистички симболи, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како таа ја пее песната Црвена калина, популарна меѓу украинските националисти.

    Валеева, која рече дека не знаела за асоцијациите што ги буди песната, беше казнета да плати 40.000 рубли (609 фунти; 684 долари), а нејзината придружничка, која ја пеела песната заедно со неа, добила 10 дена затвор.

    Министерството за внатрешни работи на Крим, инсталирано од Русија, објави видео на кое двете жени јавно се извинуваат што ја испеале песната.
    Валеева (34) победи на натпреварот за „Мис на Крим 2022“ што се одржа во Севастопол на крајот на мај, предизвикувајќи сензација на социјалните мрежи со нејзините тетоважи и нападните операции со ботокс на усните и образите. Руската полиција ги уапсила неа и нејзината придружничка откако се појавиле на видео на социјалните мрежи како ја пеат песната Црвена калина.

    – Само пеев украинска песна без подлабоко значење – изјави Валеева за руските медиуми.

    Песната Црвена калина, воен марш од 19 век, која се поврзува со украинскиот патриотизам, стана пошироко популарна, откако една нејзина верзија беше снимена од членовите на славниот британски рок бенд Пинк Флојд на почетокот на оваа година, во знак на поддршка за Украинците кои се спротивставуваат на руската инвазија.

    Украинската влада, чии војници постојано напредуваат против руските сили, ветиуваат дека ќе ја вратат целата изгубена украинска територија, вклучувајќи го и Крим. Иако полуостровот лежи далеку зад линијата на фронтот, тамошните руски власти и населението беа потресени од серија ненадејни напади врз воени објекти во текот на ова лето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img