More

    Песков: Ќе ги прекинеме операциите веднаш штом Украина го признае Крим како руски

    spot_img

    Русија соопшти дека не може да ги прекине операциите „во секое време“ додека Украина не ги исполни руските услови. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека Украина мора да го признае Крим како руски, а Доњецк и Луганск како независни држави.

    Тој додаде дека Украина исто така мора да го промени уставот и да ги отфрли сите претензии за приклучување кон кој било блок, како што е на пример НАТО.

    Песков изјави дека Русија ќе стави крај на „демилитаризацијата“ на Украина, а доколку овие барања бидат прифатени, руската армија „веднаш“ ќе ја прекине својата воена акција.

    Портпаролот на Кремљ инсистира дека Русија нема намера да наметнува дополнителни територијални претензии во Украина.

    Русија го зазеде и анектираше Крим во март 2014 година, а неколку недели подоцна ги поддржа проруските сепаратистички региони во источна Украина – Доњецк и Луганск.

    На 24 февруари годинава Москва ја започна инвазијата на Украина, односно „специјалната воена операција“, како што ја нарекува Кремљ, со цел демилитаризација и денацификација на Украина. Инвазијата влезе во 12. ден, а денеска се очекува третата рунда преговори меѓу делегациите на двете страни. Се уште не е соопштена локацијата каде ќе се сретнат претставниците на Русија и Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img