More

    Песков го коментира американскиот план за дополна на ембаргото

    spot_img

    Американскиот предлог за воведување царини за руската нафта ќе значи дека купувачите ќе мора да платат повеќе или да бараат други добавувачи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    Американската министерка за финансии Џенет Јелен вчера кажа дека Европската унија би можела да ги комбинира увозните давачки за руската нафта со постепеното ембарго за нафта, што се обидува да го наметне, за да ги намали руските приходи од енергенсите, како дел од шестата рунда санкции против земјата поради окупацијата на Украина.

    Концептот на царини ќе биде претставен на состанокот на министрите за финансии на седумте најголеми светски економии на Г7 неделава како економски најевтин начин приходите од нафта да се извлечат од Москва, со истовремено постигнување побрзи резултати, изјавија претставници на американското Министерство за финансии.

    Со оглед на фактот дека руската нафта се продава со попуст во однос на глобалната референтна вредност, царината би можела да се постави на нивото што би го покривало делот од тој јаз и на тој начин би го намалила рускиот профит, изјавија американските власти.

    Но, царината треба да биде доволно ниска за Русија да заработи повеќе од трошоците за производство, што ќе ѝ даде поттик да продолжи да извезува, додаваат тие.

    Со задржувањето на руската нафта на пазарот би се избегнал натамошниот потенцијален скок на цената на нафтата поради намалената понуда.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img