More

    Песков ги отфрли безбедносните гаранции кои ги бара Киев по војната

    spot_img

    Кремљ денеска соопшти дека амбициите на Киев за членство во НАТО се закана за безбедноста на Русија и оти поради тоа е нужна „специјалната воена операција“ во Украина.

    – Идејата Украина да се приклучи кон НАТО е главна закана за Русија, поради што е итна потребата да се осигура нашата безбедност и национални интереси – посочи Песков.

    Пред инвазијата на Русија врз Украина, Москва бараше правни гаранции дека Украина никогаш нема да биде членка на Северноатлантската алијанса.

    Шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак и поранешниот генерален секретар на НАТО, Андер Фог Расмусен вчера во Киев ги претставија безбедносните гаранции за Украина по завршување на судирот со Русија. Додека на почетокот на руската инвазија, Украина понуди да се откаже од својата уставно задолжителна цел за приклучување кон НАТО во замена за прекин на огнот, Киев сега наведува дека е заинтересиран само за полноправно членство, а не за полабави безбедносни гаранции.

    Планот предвидува оружје и обука од западните сојузници за да може Украина да го брани својот суверенитет.

    Во планот се предлага неколку европски земји, покрај САД, Канада, Австралија и Турција, да бидат гаранти на безбедноста на Украина и да се продолжат напорите за влез во НАТО.

    Претходно, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој е еден од најгласните поборници за војна меѓу политичарите во Русија, предупреди дека барањата на Украина може да резултираат со „трета светска војна“.

    Медведев на Телеграм истакна дека пристапувањето на Украина во НАТО ќе ги обврзе другите членки да ја бранат Украина.

    Тој додаде дека ако НАТО се надева дека ќе ја ослаби Русија на овој начин, може да очекува „Земјата да гори и да се топи бетонот“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img