More

    Песков вели дека секој обид да се врати Донбас е напад врз Русија

    spot_img

    Обидите на Украина да ги врати териториите на Донбас по приклучувањето кон Русија ќе се сметаат за напади врз земјата во согласност со рускиот Устав, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Н1.

    – Несомнено. Уставот на Руската Федерација веднаш ќе стапи на сила во однос на овие територии, каде што сѐ е многу јасно наведено во оваа работа – одговори тој на новинарското прашање.

    Според него, соодветните одредби од рускиот Устав ќе важат од моментот кога републиките ќе се приклучат на Русија.

    Гласањето на референдумот за приклучување кон Русија почна утрово во регионите на Украина под контрола на Русија. Претходно, непосредно пред почетокот на окупацијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Доњецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР).

    – Доколку референдумите одлучат за припојување на териториите на Донбас кон Русија, процесот на приклучување ќе се одвива доволно брзо и во целосна согласност со руското законодавство – рече Песков.

    Претставниците на Думата најавија дека следниот ден по завршувањето на референдумот Думата ќе гласа за припојување на тие украински региони кон Русија.

    Според податоците на ОН, 2,7 милиони жители биле преместени од територијата на Донбас во Русија.

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно изјави дека Русија примила речиси четири милиони жители на Донбас.

    Претходно беше најавено дека граѓаните кои ги напуштија овие територии ќе можат да гласаат на територијата на Русија, а тоа го вети и руската Централна изборна комисија. Претседателот Владимир Путин вети дека ќе помогне за безбедно одржување на референдумот и за признавање на резултатите од гласањето.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img