More

    Пентагон се брани дека „Абрамсите“ биле потешки за одржување од „леопардите“

    spot_img

    Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека ќе ја поддржува Украина толку колку што е потребно и го претстави најновиот пакет воена поддршка, кој го вклучува системот за противвоздушна одбрана „Патриот”, оклопни транспортери и големи количини муниција, но не и врвниот борбен тенк на американската армија, „М1 Абрамс”.

    Испораката на тенковите „М1 Абрамс“ беше клучниот услов на Германија за таа да ги испрати своите тенкови „Леопард“ на теренот. Германската страна рече дека така би било полесно.

    Абрамсите се потешки за одржување?

    Американската страна пак, во четвртокот се одбрани со тоа што наводно, „Абрамс“ се многу потешки за одржување. Ова го изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг на пресконференција.

    Конечната одлука на Германија ќе зависи од разговорот меѓу Остин и министерот Борис Пасториус денес во базата „Рамштајн“ каде 50 други земји треба да ги потврдат и договорат своите делови од воената помош.

    – Ова е клучен момент за Украина. Русија се регрупира и регрутира. Ова не е време за забавa. Украинскиот народ нè гледа, Кремљ нè гледа и историјата нè набљудува – рече Остин на отворањето на состанокот во „Рамштајн“.

    американските тенкови „Абрам“с, фото: твитер/принтскрин

    „Во одредена фаза ќе биде потешко да добиете помош“

    Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс тајно се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од минатата недела во Киев за да разговара за тоа, според него, што планира Русија во наредните недели и месеци, јави Вашингтон пост.

    Барнс ја нагласил „итноста на моментот на бојното поле”, но истакна дека „во одредена фаза ќе биде потешко да се добие помош”.

    Според изворите, Зеленски и неговите соработници се под впечаток дека поддршката на американската влада за Украина останува силна и дека итно финансирање од 45 милијарди долари за Украина одобрено од Конгресот во декември минатата година ќе продолжи најмалку до јули или август оваа година.

    Сепак, Киев не е толку сигурен во изгледите Конгресот да одобри нова помош од милијарди долари, велат изворите на кои се повикува весникот.

    Потребни се 100 тенкови

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се обрати пред претставниците на НАТО и сојузниците во американската воздухопловна база „“Рамштајн и апелираше да ѝ се испратат на Украина стотина тенкови за да се одбрани од руската инвазија.

    Тој преку видеолинк се заблагодари на поддршката од сојузните и западните земји, додавајќи оти не може да губи време на разговори.

    – Војната што ја почна Русија не дозволува одложувања. Стотина благодарности не се исто што и стотина тенкови. Во ваша моќ е да ни ја обезбедите артилеријата што ни треба – истакна Зеленски пред министрите за одбрана од околу 50 земји собрани во Рамштајн.

    За Кремљ тенковите се заблуда

    Кремљ соопшти денеска дека е „заблуда” дека одлуката на западните земји да ѝ достават тенкови на Украина ќе го промени текот на војната.

    – Повторуваме дека таквите испораки нема да променат ништо, туку ќе создадат дополнителни проблеми за Украина и украинскиот народ. Гледаме посветеност на драматичната заблуда дека Украина може да успее на бојното поле. Тоа е драматична заблуда на западната заедница која ќе биде причина за жалење повеќе од еднаш, ние сме сигурни во тоа – изјави во петокот Песков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img