More

    Пендаровски: Членството на Македонија во Евроската Унија до 2030 година е можно, но за тоа е потребно одржување на националниот консезус внатре во земјава

    spot_img

    Членството на Македонија во Евроската Унија до 2030 година е можно, но за тоа е потребно одржување на националниот консезус внатре во земјава, и задржување на вниманието на Брисел кон нашиот регион – оцени претседателот Стево Пендаровски во обраќање пред Советот на амбасадори на тема „Западниот Балкан помеѓу Западот и Истокот: Северна Македонија – членка на ЕУ до 2030 година?”.

    Пендаровски оцени дека поддршката за членство во Европската Унија опаѓа од различни причини, посебно кај етничките Македонци, и укажа дека постоењето на дивергентни ставови за важни прашања во надворешната политика е тешко за менаџирање од страна на носителите на одлуки.
    – Дали е можно членство до 2030? Можно е. Ние имаме внатрешен потенцијал, имаме паметни луѓе, имаме искуство, имаме одамна поставено систем за преговори и сме најдобро, неспорно најдобро подготвен кандидат во историјата на Европската Унија, меѓутоа не сум сигурен во овој контекст и во овој комплекс на прашања за две други работи. Прво, не знам дали ќе постигнеме национален консензус по тоа прашање. Во овој момент го немаме. Значи, зборувам за реален, не за реторичен консензус. Дали ќе постигнеме и дали ќе го одржуваме бидејќи мора да го одржувате со години и години додека траат преговорите, и второ, не знам дали Европската Унија и по завршување на војната во Украина ќе го задржи фокусот врз регионот – рече претседателот Пендаровски.

    Во таа насока, претседателот Пендаровски рече дека по почетокот на руската инвазија на Украина, геостратешките резони почнаа да доминираат и во логиката на Европската Унија, по што следуваа одлуките за доделување на кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина, на Украина и на Молдова.

    – Специфично за Западниот Балкан, по војната во Украина, по 24 февруари – Европа е повторно во фокусот на надворешната политика на САД, а со тоа и Западниот Балкан, како сегмент од тоа, затоа што по сите проценки на експерти, на политичари и на дипломати, ако Русија се обиде да го одвлече вниманието на целокупната западна алијанса, која ѝ помага на Украина да се ослободи, тоа полесно ќе го направи на Балканот, отколку на Балтикот – рече претседателот Пендаровски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img