More

    Пендаровски сака со Радев да зборува за реални теми

    spot_img

    Можеме да разговараме за реални европски теми, но немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за историја. Кога зборуваме за европски интеграции, не смееме да се концентираме на историја, порача македонскиот претседател Стево Пендаровски во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ.

    – Првичните предлози на Софија за наше приближување до Европската Унија ги содржеа оние небулозни барања за јазикот, за нашето етничко потекло, за периодот 1941 до 1945, окупација, администрација, итн. За тие теми немам намера да го трошам патот до Софија или да го повикувам Радев тука, за да разговараме дали во 1941 година или 1944 година биле окупатори или администратор – нагласи Пендаровски.

    Пендаровски додаде дека со Радев сака да разговара за реални европски теми, како за енергијата, за економијата, за инфраструктурата меѓу Софија и Скопје, која претседателот ја оценува како далеку од задоволителна.

    – За тоа може да разговараме. За сè друго немам добиено мандат во 2019 година да ја враќам мојата држава во 19 век или да зборувам за Цар Самоил за 10 или 11 век – вели Пендаровски.

    Според него, реториката меѓу е Македонија и Бугарија во последниот период е смирена за што како причина ја наведе усвоената преговарачка рамка. Притоа изрази задоволство што историјата, во преговарачката рамка, се споменува „во делот на она што е блатерален договор и комисија составена од историчари“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img