More

    Пендаровски предложи „Македонија да реагира ако границите бидат пречекорени“

    spot_img

    Забрана за влез на пратеник од Бугарија и други политичари од Бугарија во Македонија и во европарламентот побарал претседателот Стево Пендаровски на денешната средба на Советот за безбедност на која присуствуваа, меѓу другото и првиот човек на АНБ, на Агенцијата за разузнавање и генералот Васко Ѓурчиновски. Пендаровски по средбата им порача на бугарските институции дека Македонија не е земја непријател на Бугарија, но како секоја сериозна земја треба и ќе реагира „ако одредени граници бидат пречекорени“.

    Претседателот преку Советот предлага до Собранието и Владата овие лица, кои според него се дел од бугарски структури поврзани со руските служби ако бидат затекнати внатре во земјата да бидат прогласени за персона-нон грата. 

    – Според сите достапни анализи и сознанија се работи за организирани активности од страна на структури во Бугарија кои се активирани особено по условувањето на преговорите со ЕУ. Истите структури се финансиран за да го поддржат доаѓањето на повеќе лица на 4 февруари, чествувањето на Гоце Делчев. Според сите процени тоа ќе биде настан од висок ризик и надлежните органи не смеат да бидат неми набљудувачи на тоа што ќе се случува – изјави Пендаровски за новинарите.

    Тој понуди два начини како државата може да одговори:

    – На вакви работи можеме да одговориме на два начини. Првиот е како досега, со културна дипломатка реторика. Второ, со мерки кои секоја сериозна и организиран држава ги презема во вакви ситуации. Знаете дека Советот за безбедност не одлучува, но дава предлози до Собранието и до Владата. Мој предлог до Владата е согласно со Законот за странци да му го забранат влезот во парламентот на еден пратеник од Бугарија во европскиот парламент и на неколку лица од Бугарија поради преземање мерки против нашата држава – закана за јавниот поредок, закана за националната безбедност и по меѓународните односи на земјата. Тоа значи да им биде забранет влез, а ако бидат затекнати во државата да бидат прогласени за персона-нон грата – вели претседателот.

    Според него, за чествувањето на Делчев ќе треба да се обезбеди и државната граница.

    – Освен тоа, за настанот на 4 февруари ќе мора да ги земеме мерки на терен. Од граничните премини до самиот настан. Забрана за влез за оние кои доаѓаат да го понижуваат македонскиот народ – подвлекува Пендаровски.

    Тој спомна дека постојат граници, кои, ако бидат пречекорени, Македонија ќе реагира како секоја сериозна држава:

    – На крај порака и до надлежните институции во Бугарија. Изолирајте ги политички луѓето кои не сакаат добрососедски односи. Ние тоа го правиме во Македонија ние го правиме кај нас. Македонија не ви е земја непријател, но постојат граници и кога тие ќе бидат преминати и ние како секоја сериозна држава ќе реагираме. Апелирам европската агенда да не стане жртва на популистички и националистички групи од две страни – истакнува Пендаровски.

    На прашањето кои се тие политичари од Бугарија, претседателот даде само генерални информации.

    – Станува збор за одлука која ќе ја донесе Владата и МНР. Не можам да прејудицирам. Станува збор за повеќе лица. Да ве потсетам, Македонија не чекаше да реагира. На тројца државјани на Бугарија уште лани им беше откажан престојот, а на еден од нив практично е протеран и забрането му е враќање во Македонија. Од тројцата двајцата божем беа некои новинари. Едниот од нив беше посебно гласен околу славењето на Гоце Делчев минатата година. За дел од овие лица стои руската разузнавачка служба. Не можам да дадам повеќе информации.

    Пендаровски пак повтори дека Македонија мора да покаже дека има граници.

    – Навистина мислам дека Македонија даде одличен пример за вербалните провокации од бугарската страна. Знам дека имаше прашања дали претеравме. Ова што јас го предлагам е да покажеме дека ние имаме граници. Процените се дека оваа година, овој 4 февруари, ако останеме неми, ние ќе имаме најголема бројка луѓе со лоши намери – потенцираше претседателот и додаде:

    – Безбедноста на државата не е загрозена. Колку и да сакаат луѓе да дојдат тој ден, ние нема да дозволиме нарушување на мирот. Само ми е криво, покрај нашето сјајно европско портфолио. И сега вето. Зошто вето? Нема подобар кандидат од Македонија во историјата, тоа е труд на генерации луѓе. Сите овие работи започнаа со прифаќањето на европската рамка. Националистите сега мораат на насилен начин да ги постигнат своите цели.

    Пендаровски, сепак, увери дека МВР одлично ја завршило својата работа при одржувањето на мирот при чествувањето на Мара Бунева и дека исто така е уверен дека МВР ќе ја заврши својата задача и на 4 февруари.

    Во однос на случајот со претепаниот Пендиков и улогата на истрагата на ОЈО Охрид тој вели дека ОЈО си ја завршило работата. Според извештајот на ОЈО, вели претсдеателот, едниот од напаѓачите му пришол на Пендиков и го прашал „нели ти е срам да се пишеш Бугарин?“.

    Претседателот го коментираше и ненадејното заминување на Пендиков во Бугарија со авион и прашањето дали тој бил нарко-дилер.

    – Да беше од другата страна Пендиков не ќе смееше да ја напушти територијата на Бугарија. Кај него била пронајдена дрога претходно, но обвинителството не му одредило мерка притвор.
    На прашањето да ги коментира изјавите на техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија Милков во врска со можно ново вето, Пендаровски рече:

    – Се надевам дека нема да одат во насока на ново вето. Не гледам основа за тоа. Во однос на изјавата вие не ја проследивте целата изјава на техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија. Таа е прилично грозна, во врска со наводните „колежи“. Нека прочита тој во Ваташа што се случувало – рече претседателот и додаде:

    – Не верувам дека постои говор на омраза како што е бугарската приказна и дека поради тоа тие ќе нè блокираат. Никој не може да ме убеди дека и од другата страна не е зажестена атмосферата. Треба навистина да бидете Европеец на вакви квалификации за вашата држава да одолее.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img