More

    Пендаровски го честита Рамазан Бајрам

    spot_img

    Само сплотени можеме да ги надминеме здравствените, економските и енергетските кризи како и сите евентуални безбедносни закани. Токму празничните денови се потсетник дека обединети, солидарни и со чиста мисла и со чисто срце, можеме да изградиме просперитетно општество и подобар, поспокоен и подостоинствен живот за сите граѓани, напиша претседателот Стево Пендаровски во честитката по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам до граѓаните од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаху:

    „Најискрено, ви посакувам празничните денови да ги поминете во кругот на најблиските, во одлично здравје и во добро расположение. Светиот месец Рамазан е месец на пост, дарување, простување, месец на зајакнување на вербата, разбирањето и почитувањето на другите. Со заедничко празнување на овој како и на останатите верски празници јасно упатуваме порака дека меѓуверската и меѓуетничката толеранција, взаемното разбирање и почитта, се столбовите на македонското општество“, напиша Пендаровски во честитката.

    Честитка по повод празникот до верниците испратија и премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христикан Мицкоски, претседателот на собранието талат Џафери и лидерите на другите партии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img