More

    Пахор ја откри вистинската формула за безбедноста на регионот

    spot_img

    Претседателот на Словенија, Борут Пахор, денеска на панел дебатата за Западен Балкан на Безбедносната конференција во Минхен изјави дека ЕУ е одговорот на сите прашања што го мачат овој регион.

    Како што се наведува во соопштението од неговиот кабинет, Пахор истакна дека треба да се интензивира процесот на проширување на ЕУ и предупреди на потценување на ситуацијата во регионот.

    Тој рече дека постојат одредени загрижувачки процеси кои треба брзо да се воочат и да се решат, пренесе агенцијата СТА.

    Словенечкиот претседател идентификуваше три главни проблематични прашања во моментов – ситуацијата во Босна и Херцеговина, запрениот дијалог Белград – Приштина и блокирањето на преговорите за пристап на Македонија во ЕУ од страна на Бугарија.

    Пахор го поддржа Отворениот Балкан, иницијатива покрената од Србија, Албанија и Северна Македонија во обид да се воспостави слободен проток на луѓе, капитал и стоки како во Шенген зоната, но рече дека тоа не е и не треба да биде алтернатива на ЕУ.

    Тој смета дека на иницијативата би можеле да се приклучат и други земји од регионот, оценувајќи го тоа како начин за натамошна соработка во регионот.

    На дебатата учествуваа и косовската претседателка Вјоса Османи, министерката за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак и високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img