More

    Патување на искуства, сеќавања, соништа и стравови

    spot_img

    Вчеравечер во прекрасна атмосфера, пред полн аудиториум, во рамките на фестивалот Танц Фест Скопје 2022 беше изведена претставата „Само среќа“ од извонредната француска танчерка Сандрин Мазонјев, во режија на Томео Вержас.

    Програмата на Танц Фест Скопје продолжува вечерва со почеток во 20 часот, на сцената на Дом на АРМ во Скопје, каде публиката ќе има можност да ја проследи претставата „Интер-Вју“ на Жиган Крајнчан, во изведба на танчерите и ко-автори: Олга Житлухина, Валери Олехно, Глори Шпис, Иан Хотко и Иван Мијачевиќ.

    Претставници на пет генерации танчери (со помош на режисерот) спроведуваат перформативно интервју. Секој од нив го доживува својот дел од „времето“, но сите живеат во сегашноста овде, сега, во моментот. Тие сликаат и создаваат подвижно (меѓу) патување на искуства, сеќавања, соништа и стравови. Изгледа како фрагментите од нивните животи да го згуснуваат просторот и времето што се расплетуваат наназад…

    И додека тие го расплетуваат своето минато, се случува пресврт: ИНТЕР-ВЈУ развива нова личност, со повеќекратни идентитети, и кога таа конечно ќе го забележи гледачот, го гледа длабоко во очите, срцето, коските и го прашува: „Кој си ти пријателе?“

    Според режисрот „Зборот интервју се однесува на структуриран разговор каде што едниот учесник поставува прашања, а другиот одговара. Интервјуата може да бидат и неструктурирани, доброволни и отворени разговори без однапред утврден план или однапред одредени прашања.“

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img