More

    Партнерката Милица ѝ ја купува облеката и е построг родител на нивниот син

    spot_img

    Ана Брнабиќ, премиерката на Србија, гостувала во емисијата „Амиџи шоу“ на Огњен Амиџиќ, а по тој повод открила многу детали од приватниот живот, за детството, младоста, родителите, за нејзината партнерка Милица Ѓуриќ и за нивниот син, тригодишниот Игор.

    – Син ми еднаш ми рече: „Како ја замени трубата со хорна?“, останав без зборови. Ги знае сите тие инструменти, сака класична музика, а има само три години. Многу е паметен, ме воодушеви кога го кажа тоа. Секогаш ги гледаме неговите омилени цртани, тоа секојдневно се пушта во нашата куќа. Го гледаме неговиот омилен „Весели зајачиња“ – рекла Ана Брнабиќ и истакнала дека не е строга во воспитувањето на синот како нејзината партнерка Милица, а прикажала и приватни фотографии, како оние со нејзиниот брат и мајка.

    Брнабиќ, меѓу другото, зборувала и за нејзината партнерка Милица и открила кој е построг родител.

    „Јас не сум, Милица е. Јас не сум строга, но добро е некој да држи дисциплина.“

    Премиерката на Србија открила и дека Милица ѝ ја купува облеката.

    – Јас не ги знам марките, брендовите. Милица ми купува сѐ. Навистина не ги знам – изјавила Брнабиќ во емисијата „Амиџи шоу“, па рекла дека најмногу сака да слуша музика од осумдесеттите.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img