More

    Партијата на домородното маорско население на Нов Зеланд повика на прекин на врските меѓу нивната земја и Велика Британија

    spot_img

    Партијата на домородното маорско население на Нов Зеланд повика на прекин на врските меѓу нивната земја и Велика Британија. На Маорите им пречи и фактот дека барем формално на чело на нивната држава е британскиот монарх.

    Повикот на партијата е упатен на 182 годишницата од прогласувањето на Договорот од Ваитанга, што претставува основен правен документ за формирањето на Нов Зеланд. Овој документ е потпишан од претставниците на британската круна, како и од маорските великодостојници. Токму наследниците на вторите, сметаат дека е дојден крајот на британската доминација на островите.

    Потпишаниот договор гарантирал дека Маорите ќе ја задржат својата земја, но по 100 години од стапувањето на сила на договорените точки, домородците загубиле 90 отсто од територијата што ја поседувале.

    Според анкетите, 47 отсто од жителите на Нов Зеланд посакуваат прекин на врските со Велика Британија, а меѓу нив е и премиерката Џасинда Ардерн, која јавно кажа дека е републиканка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img