More

    Пари од ДДВ добиваат и општините

    spot_img

    Со заштеди во Буџетот и прераспределби помеѓу буџетските корисници обезбедивме допонителни 3,75 милијарди денари (61 милион евра) за да се справиме со енергетската криза, односно средства за ЕСМ, за домашно производство на енергија и надминување на последиците од енергетската криза, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

    Предлог-одлуката за прераспределба на парите меѓу буџетските корисници на централната власт и  фондовите  денеска беше усвоена во Собранието.

    Со оваа одлука се прераспределуваат вкупно 5,15 милијарди денари, кои се обезбедени по основ на заштеди на ставки што не се приоритетни и каде што има помала реализација од планираната, како и од пари од механизмот КАПЕФ.

    – Целта на прераспределбата е да се одговори на предизвиците од актуелната енергетска и ценовна криза. Затоа и најголемиот дел од прераспределните средства  3,75 милијарди денари се насочени во програмата за мерки за справување со ковид- 19 и други антикризни мерки, односно тие ќе бидат насочени кон ЕСМ за производство на електрична енергија од домашнтие капацитети, со што се овозможува пониска цена за крајните потрошувачи на регулираниот пазар, односно домаќинствата и околу 70 илјади компании, како и средства за нови антикризни мерки – рече министерот.

    Со Одлуката, како што додаде министерот се обезбедуваат  и 291 милион денари дополнители пари за општините, за проекти во животната средина и слично. Овие пари се обезбедуваат преку дотации од ДДВ. Локалните самоуправи ќе добијат дополнителни 0,5% од наплатениот ДДВ во претходната година. Пари, согласно поселдните измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа ќе се  распределат во два нови дополнителни дела, 0,25% за дел за перформанси 0,25% за дел за воедначување,  односно пари за подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините.

    Исто така се обезбедуваат 2,25 милиони  денари за подобрување на условите во казнено-поправните установи, 200 милиони денари во ТИРЗ за поддршка на инвестициски вложувња и за градежни активности, во повеќе потпораграми се обезбедуваат дополнителни средства за заштита на животната средина, како и 60 милиони денари за мерки за контрола и искоренување на болеста африканска чума кај свињите.

    Обезбедени се и 20 милиони денари и за заштита на Дојранското Езеро, односно потребните средства за електрична енергија за непречено функционирање на хидросистемот на Дојранското Езеро.

    Со Ребалансот на Буџетот за 2022 година беа обезбедени 4,7 милијарди денари за енергетската криза, сега со оваа Одлука се обезбедуваат дополнителни 3,75 милијарди денари кои ќе се искористат за да се одговори на предизвиците од енергетската и ценовна криза, за да може да се излезе од кризата со најмалку последици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img