More

    Парандиловиќ е носител на листата на Патриотскиот блок за парламентарните избори

    spot_img

    Милош Парандиловиќ, заменик-претседател на Движењето за обнова на Кралството Србија предводено од Жика Гојковиќ е носител на листата на Патриотскиот блок за обнова на Кралството Србија за парламентарните избори.

    „Системот што ќе не надживее сите нас е монархистичкиот систем и ние мора да се стремиме кон тоа, обновувањето на кралството е идентитетот на Србија“, рече Парандиловиќ на прес-конференција во Белград.

    Гојковиќ рече дека главна цел на тој блок е враќањето на кралството. „Тоа покажува колку сакаме да ставиме крај на републиканскиот систем, во кој култот на личноста го достигна својот врв и сè одлучува еден човек. Воопшто не се оддалечивме од комунизмот“, вели Гојковиќ.

    Тој додаде дека е потребно зајакнување на институциите, бидејќи Србија не е правна држава.

    Тој рече и дека Патриотскиот блок се залага за економски патриотизам, бидејќи со години се уништуваат земјоделството и малите и средни претпријатија.

    „Тоа се претежно семејни фирми, оние кои не стекнале капитал на сомнителен начин. Мораме да го смениме начинот на доделување на субвенциите, мора повеќе да се инвестира во домашните бизнисмени“, рече Гојковиќ.

    Прочитајте сè за кампањата и активностите на кандидатите, партиите и коалициите на нашата страница Избори 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img