More

    Парадоксални наоди од податоците за аерозагадувањето

    spot_img

    Митовите дека во Македонија постојат „воздушни бањи“ како Берово или Охрид, паднаа во вода – заклучува Иницијативата О2 врз основа на анализа на податоците за присуството на PM10 и PM2.5 загадувачки честички од сите мерни станици за декември, компарирано низ минатите години.

    Во поглед на многу поопасните PM2.5, Берово изминатиов декември има само еден ден со т.н. чист воздух. Прилеп, Гостивар, Кичево (недостасуваат повеќе дневни мерења), Тетово, Струмица, Гевгелија немаат ниту еден ден воздух чист за PM2.5 честички.

    Мерните места со најголем број денови со чист воздух за PM2.5 се Битола 1 (недостасуваат мерења за повеќе денови) и Миладиновци. Мерната станица Битола 1 се наоѓа на периферијата на Битола во близина на мали индустрии за производство на храна и пијалоци, на оддалеченост од 13 километри од РЕК Битола. Овие податоци го уриваат митот дека Битола е најзагаден град поради РЕК Битола – се заклучува во анализата на О2.

    Во однос на PM10 честичките, во Скопје и Тетово повеќе ги немаме високите дневни концентрации со над 500, 600, 700, 800, 900 μg/m3 кои беа резултат на големата индустрија која работеше без филтри, како Макстил, Југохром и др.

    Во декември 2022, со исклучок на Лазарополе, дневни концентрации на PM10 до законски дозволените 50 μg/m3, повеќе од половина месец имаат: Миладиновци – 20 дена, Битола 1, Штип и Берово – 17 дена, Гази Баба со 16 дена и Ректорат со 15 дена.

    Еден индустриски град како Скопје, со мерна станица близу Железара и уште една кај најфреквентна крстосница имаат скоро еднаков број на денови со дозволено загадување како Берово, исто како и Битола во индустрискиот дел. Митовите дека места како Берово дишат многу повеќе денови на дозволено загаден воздух од одредени реони во големите индустриски градови со густ сообраќај, се рушат. 

    Најмалку денови со чист воздух во декември изминативе години се измерени во Кичево, Тетово и Кавадарци. Во декември 2022 година, единствено во Струмица немало ниту еден ден во кој PM10 биле под 40 μg/m3, што го позиционира градот на врвот на табелата на загаденост.

    Според активистите на оваа иницијатива нема да имаме чист воздух без менување на начинот на греење и без поставување на построги индустриски стандарди, особено во градови како Скопје, каде поради обемот на индустријата во самиот град потребно е користење на гас во производните процеси, секаде каде тоа го овозможуваат најдобрите достапни технологии, како и забрана за другите горива. Исто така, без регулација на сообраќајот, искоренување на појавата на палење на отворено (стрништа и различен отпад), без контрола на градежните работи и градежната прашина, но и прашината од незазеленети површини и валканите улици што ветерот ја дисперзира во воздухот, нема да имаме воздух чист за PM10 и за PM2.5 не само во зимските месеци, туку и во текот на целата година, укажува О2.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img