More

    Панел дискусија на ЦИВИЛ за дезинформациите, пропагандата и проруските наративи во медиумите

    spot_img

    ЦИВИЛ ќе ја одржи втората панел дискусија од серијалот „Зад димната завеса“, денеска, четврток, 21 април, со почеток во 13 часот. Настанот ќе се емитува во живо, на Фејсбук и Јутуб. Тема на панел дискусијата е „Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“.

    Учествуваат универзитетскиот професор д-р Никола Дујовски и новинарите Љубомир Костовски од „Глобус“ и Дејан Андоновиќ од „Слободен печат“. Модераторка на дискусијата ќе биде Биљана Јордановска, ЦИВИЛ.

    Панел дискусијата е дел од проектот „Зад димната завеса“ со кој ЦИВИЛ спроведува медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата. Проектот се фокусира на странската, антизападна пропаганда преку мониторинг, анализи и обелоденување на дезинформациите и пропагандата за критични теми, како што е агресијата врз Украина, евроатлантските интеграции и други процеси од круцијално значење за нашата земја.

    Критичните процеси за земјата се мета на долготрајна пропаганда од истите, меѓусебно поврзани центри. Тие имаат една заедничка цел – поткопување на владеењето на правото, демократијата, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Со овој проект, ЦИВИЛ ќе преземе серија сеопфатни активности да се спротивстави на тие тенденции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img