More

    Паметниот тротоар ги претвора чекорите во електрична енергија

    spot_img

    Телфорд, град во Велика Британија, постави паметен тротоар кој генерира енергија од стапките на луѓето за бесплатно полнење на телефоните, објавија локалните медиуми.

    Советот на Телфорд и Врекин во Шропшир лансираше високотехнолошки тротоар кој им овозможува на луѓето да ги полнат мобилните телефони претворајќи ги своите чекори во струја.

    „Екран со соларна енергија ја покажува количината на енергија што се создава при одење на тротоар поставен помеѓу главната железничка станица и центарот на Телфорд“, пишува британскиот весник „Метро“.

    Тротоарот од шест метри е дел од проектот вреден 4 милиони фунти на Советот на Телфорд и Врекин како дел од мерките за справување со климатските промени.

    Советничката Керолин Хили рече дека проектот е вреден во создавањето свест за производство на чиста енергија и забавен начин да се покаже како таа може да се генерира.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img