More

    Памела Андерсон во влечки кои речиси секој ги има дома

    spot_img

    Атрактивната русокоса Памела Андерсон во последно време привлекува внимание каде и да се појави. Памела често носи впечатливи модни комбинации кои никого не оставаат рамнодушен.

    Овој пат отиде чекор понатаму, собра храброст и облече влечки на високи потпетици кои ретко кој би се осмелил да ги облече.

    Имено, станува збор за впечатливиот модел на „Madame Mule“, модна соработка помеѓу „Крокс“ и „Баленсијага“. Овој модел може да се најде во црна, бела, виолетова и зелена боја. За да ги купите овие влечки треба да потрошите околу 625 долари.

    Инаку, овие влечки го добија статусот за – „најгрди“.

    Памела ги искомбинирала своите „крокс“ влечки со бела маичка и ленени панталони до глуждовите. Белата комбинација ја зачинила со необична плетена чанта која наликува на корпа. Носела и очила за сонце во ретро стил кои имаат бела рамка.

    На прв поглед се чини дека Памела отишла на пазар за да набави некои залихи. Сепак, овие влечки го залудеа светот, па многу познати дами се тркаа да ги купат прво бидејќи се многу необични.

    Интересно е и тоа што речиси секоја куќа ги има овие влечки и се користат за „по дома“. Сепак, разликата е во тоа што популарните „крокс“ чевли на кои сме навикнати немаат потпетица и се многу поевтини.

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img