More

    Пале добила закани за нејзиниот живот

    spot_img

    Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас откако велешанката Пале Иловска, која денеска беше ослободена за убиството на нејзиниот партнер, добила закани за нејзиниот живот.

    „Во вчерашното сведочење, Иловска изјави дека до неа стигнале информации дека колега на починатиот полицаец сакал да ја одмазди неговата смрт. Апелираме до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас и да превенира понатамошно насилство врз една долгогодишна жртва, која не добила заштита од институциите“, се наведува во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

    Хелсиншки ја поздравува одлуката на Основниот суд Велес да ја ослободи Пале Иловска од обвинението за убиство во миг. Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и, како што велат од Хелсиншки, со тоа ја потврдил оправданоста на нивните залагања за промена во обвинението, поради историјата на насилство во овој случај.

    Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по пријави за семејно насилство, грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img